Менаџерот на Андреа Довициозо, Симоне Батистеља изјави дека возачот на Дукати би можел да паузра една година доколку не постигне договор со италјанскиот тим.

Преговорите меѓу двете страни траат веќе долго, бидејќи Дукати не сака да ги промени финансиските услови на Довициозо.

„ Тоа е сериозно опција. Доколку нашите услови не се исполант, Андреа нема да продолжи да вози. Нема да се повлечи, но ќе чека тим кој ќе има некој интересен проект“ – изјави Батистеља.