Италијанскиот моторциклист Андреа Јаноне е супендиран на година и пол бидејќи беше позитивен на допинг тест кој е објавен во текот на прошлогодишната трка во Малезија.

На Јаноне со оваа суспензија му е забрането да се занимава со било какви тркачки активности до 16.јуни 2021 година, бидејќи казната му тече од 17.декември минатата година. Во урината на Јаноне беше најдена анаболички строид, кој се користи за зголемување на силата и симнување на килажата.

Јаноне се бранеше со тоа што оваа супстанца ја конзумирал случајно, односно при конзумирање на храна, а во своја одбрана даде примерок и од косата, но неговата жалба беше одбиена.