Владата на Австрија им даде дозвола на Формула 1 за одржување на трката на 5. или 12. јули со што и официјално би започнала сезоната во Ф1 циркусот.

Според информациите, после повеќенеделни разговори меѓу Ф1 и „Ред Бул Ринг“ е дадено зелено светло за одржување на трката за Големата награда на Австрија.

По планот кој е објавен на оваа трка можно е да се одржи и со присуство на гледачи, но бројот ќе биде значително ограничен.