Шампионот од 2009 година во Формула 1 со тимот на Браун ГП, Џенсон Батон, не ја разбира одлуката на Ферари да го пушти така лесно да си замине Себастијан Фетел.

Пред неколку дена се појави информацијата дека Ферари и Фетел го завршуваат договорот кон крајот на сезоната и се разделуваат, а тоа беше прилично конфузна информација за екс возачот од Британија.

„Доколку е избркан од тимот, тоа е лудост за мене. Па тој е четирикратен Ф1 шампион. Мислам дека покажа добра брзина минатата сезона. Имаше тешки моменти сигурно со Шарл Леклер, кој што покажа исто така одлични перформанси, па мислам дека тоа го повреди Фетел. Сметам дека секој тим посакува да го има Фетел во својата екипа. Не знам сега Ферари што замисла имаат, но за мене ова е чуден избор и се уште сум шокиран за одлуката да не вози Фетел во црвениот болид од следната сезона.“ – изјави Батон.