Поранешниот светски шампион во Формула 1, Џенсон Батон, доживеа инцидент, откако мина 17 часа во пустина поради несреќа со неговиот автомобил во Баха 1000 натпреварувањето. Британецот уште од напуштањето на Формула 1 е вклучен во разни автомобилски дисциплини, вклучително и „офроуд“.

„Стартувавме добро, надминавме некои машини. Пронајдовме добар ритам. По 235 милји со мојот навигатор, слушнавме гласен татнеж и моторот згасна. Диференцијалот беше скршен. Проблемот беше што застанавме на многу затскриено место. Поминавме цела ноќ под ѕвездите“- прокоментира Батон.

Британецот до својата прва и единствена титула во Ф1 циркузот стигна во 2009 година со болидот на Мерцедес.