Поранешниот возач на Формула 1, Герхард Бергер изјави дека многу често во  во одредени елементи, Луис Хамилтон го потсетува на Аиртон Сена.

Кога разговараме за млади возачи, честопати ме прашуваат дали гледам знаци на Аиртон Сена во нив. И секогаш одговарам не, затоа што Сена беше едноставно различна и тешко беше да се споредува со некого. Но, сега можам да кажам дека Луис навистина започна да ме потсетува на Аиртон со неговите говори. На начинот на кој постапува под непредвидени околности, на урбанистички или брзи патишта, на дожд и суво земјиште, тој ја одржува својата форма“-изјави Бергер.

За потсетување Хамилтон минатиот викенд ја освои шестата титула во Ф1 и е на чекор од достигнување на рекордот на Михаел Шумахер кој има седум.