И оваа сезона во Ф1 шампионатот помина во знакот на Мерцедес, иако од Ферари се надеваа на далеку подобри резултати и вмешување во трката за шампионската титула во конкструктори. „Сребрените стрели“ доминираа во првата половина од сезоната, така што нова шанса за  Италијанците е следната сезона.

Тимскиот шеф Матија Биното предвидува напорна зима и вели дека второто место во првенството никогаш нема да биде доволно.

„Секако, завршувањето на второ место не може да биде доволно добро достигнување за Ферари, затоа очекуваме прилично интензивна зима додека продолжуваме да се развиваме. Целта е да се вратиме посилни за да ги исполниме предизвиците што нè чекаат. Имаше подеми и падови во текот на сезоната: првиот дел од сезоната не помина како што се очекуваше, но јас го ценам фактот што не се откажавме, ги засукавме ракавите и го вративме ударот. Вреди да се напомене начинот на кој реагиравме по летната пауза – со три последователни победи и серија од шест последователни пол-позиции. Секако, нашата победа во Монца, која дојде само еден ден по неверојатното славење на нашата 90-годишнина“- изјави Биното.