Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас изјави дека по неговите информации Себастијан Фетел нема од следната сезона да вози на неговото место во Мерцедес.

По раскинот на соработката меѓу Фетел и Ферари, на големо се шпекулира дека Германецот од следната сезона ќе биде тимски колега на Луси Хамилтон во Мерцедес.

„ Не ме допира тоа многу. Искрени сме во тимот и како ќе изгледа се околу договорите. Добив јасна порака дека не разгледуваат да го доведат Себастијан, така што немам грижи“- изјави Ботас за „Скај“.