Ова е една од најдобрите години за Ф1 тимот на Мерцедес а тоа го потврди и Валтери Ботас. Вториот возач на Мерцедес во изјава медиумите тврди дека и покрај притисокот кој го чуствува смета дека нема да му биде потребен психолог.

„Мислам дека психолог нема да има што да работи со мене. Имам доволно поддршка и прекрасни луѓе кои секојдневно се со мене. За мене најважно како јас се гледам во огледало и како размислувам. Не ми треба дополнителна помош за да го победа мојот колега Хамилтон.“ – изјави Ботас.

Во поредокот во Формула 1 шампионатот, Ботас во моментов е на второто место со 39 бода помалку од лидерот и негов колега од Мерцедес, Луис Хамилтон.