Поранешниот прв човек на Ферари, а денес спортскиот директор во Формула 1, Рос Браун ги пофали перформансите на пилотот на Ферари, Шарл Леклер оваа сезона.

„Најпозитивниот момент на настапот на Ферари оваа сезона е без сомнение Шарл  Леклер, кој ја помина само втората сезона во Формула 1 и прва во врвниот тим. Победи двапати, беше седум пати на пол-позицијата и на десет трки заврши на подиумот. Неговиот талент е неспорен. Едноставно е осуден на големи резултати во следната деценија“- изјави Браун.

Ферари повторно сезонава беа далеку од вечните ривали Мерцедес, но Леклер сезоната ја заврши на четвртото место во генералниот пласман, пред клупскиот колега Фетел, кој се најде место подолу. По медиумите се пишува дека овие двајца не се во најдобри односи.