Даниел Рикиардо го пополни испразнетото место на Карлос Саинц во Мекларен, кој од идната сезона се сели во Ферари.

На тој начин, на Себастијан Фетел му останува една опција помалку околу тоа каде би се преселил по заминувањето од Ферари оваа година.

Но Зак Браун, еден од првите луѓе во Мекларен, смета дека најверојатно Себастијан Фетел ќе реши да се повлече од спортот во кој освои 4 шампионски титули.

„Себастијан е неверојатен возач, четирикратен Ф1 шампион, но мислам дека Себастијан ќе се реши за повлекување од Ф1. Фетел има лимитирани опции од следната сезона, нема место во Мекларен, заминува од Ферари, единствена можна добра опција за него е Рено. Но следното прашање е дали Себастијан би преминал во тим кој нема да победува во 2021?“ – се прашува Зак, кој меѓу останатото верува дека Себастијан ја вози веројатно последната сезона во Ф1.