По објавата дека Себастијан Фетел го напушта Ферари, многумина останаа во шок, бидејки веруваа дека соработката меѓу двете страни ќе биде продолжена.

До тоа не дојде, а Фетел од следната сезона е слободен возач, кој или ќе се повлече од Ф1 или ќе си најде соодветен тим за неговото шампионско резиме.

Последните информации кои доаѓаат од светот на Формула 1, зборуваат за тоа дека во последен момент може да дојде до драматично свртување на работите во Мерцедес и Рено, и дека во тие два тима може да има два изненадувачки трансфери.

Според Motorsport-Total.com, медиум кој одблиску ги следи случувањата во Ф1, пишува дкеа Валтери Ботас е веќе во преговори со Рено за трансфер во тој тим, додека неговото место во Мерцедес би го пополнил Себастијан Фетел, кој би му бил совозач на Луис Хамилтон.

Претходно Хелмут Марко (Ред Бул), но и првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, изразија желба да го видат еден ден Фетел во германскиот тим, што може да биде индикативно дека ова може да се оствари.