Тото Волф даде интересна индикација околу можното доаѓање на Себастијан Фетел во Мерцедес.

Како што е познато, германскиот возач и Ферари ја завршуваат соработката по крајот на оваа сезона, а потоа во Ферари на местото на Фетел ќе седне Карлос Саинц, а останува неизвесноста околу иднината на Себастијан Фетел.

Многумина веруваат дека Хамилтон доколку сезонава освои нова, седма титула со која ќе се изедначи со легендарниот Михаел Шумахер, ќе го напушти Мерцедес, па токму таму ќе се стекне простор за промена и влез на Фетел во тимот.

„Се разбира, германски возач во германски тим би бил добар маркетиншки потег. Ние сме екстремно фокусирани на успех. Себастијан е некој кој сигурно е навистина добар возач, и тој самиот може да реши кога сака да се повлече или да замине во друг тим. Има се уште интересни места за него во Ф1“, тврди Волф.

Ваквата изјава во Ф1 кулоарите ќе биде протолкувана веројатно како можно подготвување на терен за доаѓање на Фетел во Мерцедес од следната сезона.