Возачот на рено во Формула 1, Даниел Рикардо се соочува со тужба поради наводен долг од 10 милиони фунти на својот советник за финансии.

Рикардо минатата сезона го напушти Ред Бул, за тоа доби финасиска компензација од 20 милиони фунти. Глен Бивис, поранешен финасиски советник на Рикардо, до судот доставил документи во кои стои дека 20% од договорот со Рено му припаѓаат нему, плус бонуси.

Рикардо и Бивс заедно учествуваа во серија на Нетфликс посветена на Формула 1, тогаш се виде дека ќе дојде до разделба со Ред Бул и приклучување во Рено, со тоа дојде до разделба меѓу финансискиот советник Бивс и Рикардо, сега се заедно но на суд.