Игор Стојановски-Иџе го освои шестото место на претпоследната трка во италијанскиот ТЦР шампионат која вечерва се возеше на патеката во Имола/

Македонскиот возач имаше добра трка и до самиот финиш беше во трка за пласман во топ 5.

Иџе освои дополнителни осум поени во генералниот пласман, и со вкупно 60 од само шест трки на кои возеше сезонава, влегува во последната трка која в недела ќе се вози од 12;40 часот.