Патеката Каталуња ќе биде домаќин на трките во Мото ГП и шампионатот Формула 1 и во следните пет години, бидејќи договорите до 2026 година се официјализирани.

Како дел од Мото ГП, трките во шпанската провинција се водат од 1992 година, а патеката е една од омилените на мотоциклистите и навивачите.

Следната сезона натпреварувањето во Каталонија е планирано за 3-5. јуни.

„Потпишувањето на новиот договор е фантастична вест за Мото ГП. Спектакуларната каталонска патека е дел од шампионатот од нашиот почеток и е клучна во нашиот календар секоја сезона“, изјави Кармело Еспелета, директор на Дорна.

Кога станува збор за Формула 1, има трка за Големата награда на Шпанија во Каталонија. Стефано Доменикали, претседателот на Ф1, не го крие задоволството од потпишаниот договор.

„Воодушевени сме! Би сакал да им се заблагодарам на промотерите и властите за нивниот ентузијазам и посветеност да ја задржат Формула 1 во Барселона, со напредокот што ќе биде направен на патеката, за продолжување на долгата историја. „Екипите и возачите секогаш со нетрпение ја очекуваат трката во Барселона, а шпанските навивачи сепак ќе можат да ги гледаат националните херои на лице место – Фернандо Алонсо и Карлос Саинс“, истакна Деоменикали.

Можете да ги следите шампионатите во Мото ГП и Формула 1 по нашите канали.