Девектратниот светски шампион во Мото ГП Валентино Роси на Инстаграм разговараше со легендарниот фудбалер на Интер Бобо Виери.

Познато е дека „Докторот“ е голем фан на „Нероаѕурите“, а во разговорот истакна каде се наоѓа на листата на најдобри возачи во Мото ГП.

„ Искрено не знам дали сум најдобар, но сигурен сум дека сум еден од најдобрите во историјата во овој спорт. Едноставно има голем број на возачи кои оставија траг“-изјави Роси.

Роси исто така напомена дека покрај тоа што е навивач на Интер, негов омилен фудбалер е поранешната ѕвезда на Уругвај и „Нероаѕурите“ Алваро Рекоба.