Деветкратниот светски шампион во Мотот ГП, Валентино Роси следната сезона може да вози во Петронас Јамаха, пренесува италјански “GPOne”, според кои веќе Италјанецот е во преговори.

„Докторот“ на крајот од сеоната останува без место во фабричкиот тим на Јамаха, која му дава потполна поддршка доколку одлучи да ја продолжи кариерата. Негова следна дестинација се очекува да биде Петронас Јамаха која има едно место резервирано за легендарниот Италјанец. Пред неколку месеци е потврдено дека Фабио Квартаро ќе го замени местото на Роси за следната сезона.

Роси во повеќе наврати најави дека нема намера да ја прекине кариерата, а единствена опција за него е Петронас Јамаха.