Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон денес победи на трката за Големата награда на Шпанија во Формула 1.

Ова е негова трета победа на четири трки оваа сезона.

Британскиот возач победи во Барселона по петти пат по ред, и ова беше негов 98-ти триумф во кариерата.

Го следеше Макс Ферстапен од Ред Бул со 15.841 секунда заостанување.

Ферстапен е втор во генералниот пласман.

Тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас го освои третото место во Барселона.

По нив следуваат Шарл Леклерк, Серхио Перез, Даниел Рикардо, Карлос Саинц, Ландо Норис, Естебан Окон, Пјер Гасли и други.

Следната трка во шампионатот во Формула 1 ќе се одржи на 23 мај во Монако.