Двајца членови од тимот на Хас и еден член на Мекларен се ставени во изолација и ги чекаат резултатите од тестовите за коронавирусот.

Членовите на тимовите се сместени во медицинскиот центар на патеката „Албер Парк“ откако имаа симптоми на настинка.

„Очекувам наскоро да ги добиеме резултатите. Тимот работи и функционира по договорениот распред“-порачаа од Мекларен.

Сезоната во Формула 1 започнува во недела на патеката „Алберт Парк“ на трката за Големата награда на Австралија.