Естебан Окон е победник на трката за ГН на Унгарија, 11-та трка во календарот на оваа сезона во Формула 1. Францускиот возач на Рено со тоа стигна до својот втор подиум и прва победа во кариерата во конкуренција на Формула 1 на која е член 2016 година.

Најдобриот резултат на Окон оваа сезона оваа сезона беше седмото место што го освои на Големата награда на Португалија, на третата трка во сезоната, и тој беше деветти уште четири пати во 2021 година.

Трката започна по дождливо време и инцидент уште на стартот. Валтери Ботас удри во Ландо Норис, кој потоа остана без избор и го оштети болидот на Макс Верстапен, кој заврши надвор од патеката. Мешаницата на неколку делови од „Хунгароринг“ предизвика црвено знаме и прекин.

Новиот старт донесе интересен момент, бидејќи само Хамилтон одлучи да стартува од целната рамнина. Сите останати заминаа во боксот за да менуваат пневматици за сува подлога. Дождот веќе го немаше, а круг подоцна и британскиот возач се одлучи за оваа стратегија.

Сепак Хамилтон ја потврди својата класа во продолжението од трката во која и покрај сите проблеми кои му ги зададоа болидите пред него успеа да се качи на пиедесталот и со новите бодови да го престигне Холанѓанецот на првата позиција на возачката табела.

Себастијан Фетел го завзема второто место на пиедесталот.

Бодови освоија и Саинз, Алонсо, Галси, Тцуода, Латифи, Расел и Фестапен.