Епска трка во Џеда, инциденти, прекини, и победа на Луис Хамилтон, сега со Макс Ферстапен имаат ист број на бодови и на последната трка во Абу Даби во меѓусебна пресметка ќе решаваат за титулата!

Луис Хамилтон и Макс Ферстапен на последната трка влегуваат со ист број бодови.

Луис Хамилтон запиша победа на првото историското Гран При на Саудиска Арабија  кое се возеше  во  Џеда.

За Хамилтон ова е  103-та победа во кариерата, трката донесе драма, три рестарта, прекини и многу интересни дуели.