Формула 1 тимот на Хас ја комплетираше екипата за претстојната сезона, потпишувајќи денеска договор со Мик Шумахер, синот на легендарниот поранешен светскиПрвак Михаел Шумахер.

Хас ја обелодени соработката со Шумахер само еден ден откако потпиша договор со Русинот Никита Мазекин, синот на рускиот мултимилијардер Дмитриј Мазекин.

Шумахер, како и Мазекин, сезонава возат во Формула 2, Германецот во моментов е лидер во генералниот пласман, додека Русинот е третопласиран.

Тимот на Хас следната сезона го напуштаат Данецот Магнусен и Французинот Грожан, кој се опоравува во болниа по тешката несреќа изминатиот викенд на трката за ГН на Бахреин.