Трката за ГН на Виетнам нема да се одржи оваа година, соопштија организаторите, а неизвесно е дали ќе се вози и следната година.

Доколку не беше пандемијата на коронавирус, ГН на Виетнам, за прв пат во историјата на оваа зеја ќе се возеше пролетта во престолнината Ханој, како трета трка во календарот.

Со измените и новонастанатата ситуација, трката отпадна од календарот и официјално досега не е откажана, туку одложена на неодредено време.