Нико Хулкенберг ја потврди информацијата дека нема да биде дел од Формула 1 „циркузот“ следната сезона. Тоа значи дека трката во Сао Паоло овој викенд е последна во кариерата. Германецот исто така вели дека нема да се повлече трајно од елитните автомобилски серии.

„Ова не е трајно повлекување. Јас едноставно нема да возам во Формула 1 во 2020 година. Кој знае што ќе се случи следно? Го сакам овој спорт. Ќе се обидам да бидам фит додека ја чекам мојата следна шанса“ –  изјави Хулкенберг пред новинарите во Бразил.

32-годишниот Германец во Ф1 вози од 2010 година, а за Рено вози уште од 2017 година. Сепак, тој не доби предлог за нов договор следната сезона.