Од следната година, трките во Формула 1 ќе се возат и во Мајами, беше објавено денес.

Како што се наведува, управата на Формула 1 обезбедила 10-годишен договор со градот Мајами, а трките треба да се водат на патеката околу стадионот Хард Рок, каде игра НФЛ тимот Мајами Делфинс.

Точниот датум на трката сè уште не е утврден, но претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали, рече дека најдобрите возачи на светот се очекува да се тркаат во Мајами во втората половина од 2022 година.

Тој додаде дека трката во Мајами ќе биде одделена од трката во Остин.

 

„Соединетите држави се клучен пазар за нас и многу сме охрабрени од растот, што дополнително ќе биде поддржано од друга возбудлива трка во Америка“, рече Доменикали.

 

Според веб-страницата на Формула 1, патеката ќе биде долга 5,41 километар, ќе има 19 кривини, три насоки и потенцијал за три ДРС зони, со проценета максимална брзина од 320 километри на час.