Поранешниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо би можел да се врати во билидот на Рено во новата сезона, пренесува Марка.

Алонсон веќе ги започна преговорите со Рено за пополнување на второто место во тимот откако Рикиардо потврди дека следната сезона ќе вози за Мекларен.

Втора опција за Рено е Себастијан Фетел кој потврди дека ќе го напушти Ферари но од францускиот тим веруваат дека со Алонсо можат да направат поголем напредок.

Алонсо ја напушти Формула 1 на крајот од сезоната во 2018 година.