Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ќе ја започне претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Русија од последното место  поради промена на моторот.

Веста беше потврдена за време на денешниот втор тренинг во Сочи.

Водечкиот во  шампионатот, Ферстапен требаше да ја започне трката со додавање на три места на квалификациското место поради инцидентот со Луис Хамилтон од Мерцедес на трката во Монца пред две недели, но по денешниот пенал ќе стартува од последното место поради користење четвртиот мотор во сезоната.

Секој возач има право на три мотори во една сезона.

Ред Бул мораше да го смени моторот на болидот на Ферстапен, бидејќи сега стариот мотор беше уништен при судир со Хамилтон.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја доби истата казна за трката во Сочи, исто така, поради промени во моторот.

Ферстапен е лидер во шампионатот со 226,5 поени, а Хамилтон има 221,5 поени.