Макс Ферстапен, возачот на Ред Бул ја остави првата победа во кариерата на територија на Италија, односно на италијанските патеки, откако денеска славеше во трката за Големата награда на Емилија Ромања. Ферстапен во Имола дојде до својата победа број 11 во кариерата и притоа ја прекина серијата на лоши резултати во оваа земја.

Лани на истата патека не ја заврши трката, но днеска се снајде најдобро од сите во оваа хаотична трка, која дури имаше и еден прекин, а потоа и беше успорена, со изглегувањето на безбеднесното возило.

Второто место му припадна на актуелниот шампион Луис Хамилтгон и тоа откако ја направи една од најголемите грешки во последните неколку години. Возачот на Мерцедес на крајот задоцни дури 22 секунди зад победникот, а третото место на победничкиот подиум му припадна на Ландо Норис од Мекларен.

Четвртото место му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер, веднаш зад него беше клупскиот колега Карлос Саинс, а бодови освоија уште и Даниел Рикиардо од Мекларен, Ленс Строл од Астон Мартин, Пјер Гасли од Алфа Таури, Кими Раиконен (Алфа Ромео) и возачот на Алпине Естебан Окон.

Клучниот потег за триумфот, Ферстапен го направи на самиот старт кога ги претекна прво тимскиот колега Серхио Перез, а потоа и Хамилтон притоа имајќи контакт со болидот на Британецот. До крајот на трката Хамилтон единствената шанса да го помине Ферстапен ја имаше при заминувањето во пит стопот, но лошата работа на механичарите му одзеде драгоцено време како и шансата да го престигне конкурентот.

Хамилтон го задржа водството во генералниот пласман со 44 бода, еден повеќе од Ферстапен, а следната трка ќе се вози на 2 мај и тоа за Големата награда на Португалија.