Газета Дело Спорт потврди дека Себастијан Фетел и Ферари се разделуваат, Германецот  ќе вози за тимот на Астон Мартин.

Фетел потпишал  договор на три години,  финансиските услови биле многу добри и тоа е основната причина за напуштањето на Ферари.

Германецот со Ферари ќе ја одработи сезоната, се шпекулираше дека би можел да потпише за Мерцедес, но го избра Астон Мартин.

Официјалната промоција на Фетел во Астон Мартин беше најавена за крајот на неделава, но беше откажана бидејќи Серхио Перез возачот на чие место доаѓа Германецот, е позитивен на коронавирус.