Себастијан Фетел најави дека во последната сезона возејки за Ферари, нема да му го прави животот полесен на неговиот тимски колега, Шарл Леклер.

Фетел и Ферари потврди пред неколку недели дека нивната соработка завршува по крајот на сезоната, за на негово место да дојде Карлос Саинц.

Сезоната почнува официјално утре, а вчера Фетел во изјава за германските медиуми, порача дека не би му оставал простор на патеката на Леклер за така лесно да го минува.

„Потегот на Ферари за мене беше шок, затоа што комуникацијата пред тој момент зборуваше се спротивно од она што се случи. Сезонава ќе возам за себе, така да Шарл нема да има лесен живот на патеката, нема да му ја олеснам работата, нема лесно да го пропуштам на патеката. Во минатото се боревме еден против друг и тоа и понатаму ќе го практикувам“– изјави Фетел.

Првата трка официјално се вози во Австрија, иако досега традиционална сезоните стартуваа во Австралија.