Себастијан Фетел уште еднаш потврди дека меѓу него и челниците на Ферари односнот е нарушен. Фетел веќе најави дека го напушта Ферари по завршнувањето на оваа сезона.

„Ова е тешка сезона за мене. Почнав да се сомневам во себе затоа што не можев да постигнам успешни резултати. Од моментот кога стана познато дека го напуштам тимот, ситуацијата беше сосема поинаква. Јас не сум вклучен во тимот како порано. Не сакам да кажам дека трошам време тука, но најважно за мене сега е иднината. Мојот однос со Ферари се олади, повеќе нема љубов меѓу нас. И покрај ова, сакам да се докажам во преостанатите трки од сезоната.“ – изјави Фетел.

Минатиот викенд, Фетел со Ферари го освои третото место на трката за големата награда на Турција на која Хамилтон ја одбрани шампионската круна.