Себастијан Фетел со Ферари имаше најдобро време на втората тренинг сесија пред неделното Гран-при на Бразил во Формула 1.

Фетел извозе најбрз круг на патеката „Интерлагос“ со време од 1: 09.217 минути и ги остави зад себе со 0,021 секунди тимскиот колега Шарл Леклер и со 0,134 Макс Верстапен со Ред Бул. Светскиот шампион Луис Хамилтон со Мерцедес се најде на петтото место.

Сесијата ја одбележаа и пилототите на Торо Росо – Даниел Квјат и Пјер Гасли. Болидот на Квјат се запали, а Гасли имаше проблем со моторот по што не ја завршија тренинг сесијата.