Себастијан Фетел конечно триумфираше на една трка оваа сеона, а ја оствари на патеката во Сингапур.

Германецот профитираше во моментите кога тој и Шарл Леклер мораа да ги менуваат пневматиците, па на крајот ја предводеше еден-два победата на Ферари.

„Ова беше слатка победа, навистина сум среќен. Беше навистина одлична трка и пред се сакам да му заблагодарам на тимот, бидејќи имавме тежок почеток на сезоната.  Што се однесува до клучните моменти, добив задоцнет повик во боксот, мислев дека е прерано, дека пневматиците можат да издржат уште неколку добри кругови. Откако влегов, се потрудив да извозам што подобро во првиот круг по враќањето на патеката и мора да признам дека бев изненаден што останав на првото место“ – вели Фетел.