Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел се спротивстави на воведувањето на спринт трки во тркачката серија.

„Не ми се допаѓа оваа идеја. Зошто ни треба предфиналето, а потоа и самото финале? Што е поентата? Очигледно, ќе учествувам на саботни трки, доколку тие се одржат, но мислам дека нема смисла. Постои „Гран при“, треба да возите околу 300 километри по трка, што станува главен настан. Можеби треба да се решат некои други проблеми и да не се менува форматот.“-  го цитира Фетел „Autosport“.

На крајот на февруари, Формула 1 Комисијата ја поддржа идејата за воведување спринт трки и ја испрати на ревизија. Форматот на трката во спринт ќе биде претставен подетално до почетокот на сезоната 2021 во Формула 1.