Доколку не бидат воведени промени, постои опасност Формула 1 да исчезне од спортската карта, предупредува легендата на овој спорт и четирикратен Ф1 светски првак, Себанстијан Фетел.

„Формула 1 не е зеленa и ,тоа не е дискутабилно. Но, живееме во време во кое имаме технологија и можности да ја направиме Ф1 позелена без притоа да загубиме на спектакуларноста и страста“– изјави Фетел во интервју за германскиот весник „Ноен Оснабрукер Цајтунг“.

Вели дека без промени не е оптимист.

„Сега се водат важни разговори за тоа што би можеле да промениме во иднина. Доколку не се случат промени, не сум оптимист. Доколку нешто не се промени, формула 1 може да исчезне“– предупреди четирикратниот светски првак Фетел.