Лошиот влез во сезоната и низата грешки кои ги направија од Ферари заедно со нивиот прв возач Себастијан Фетел носат низа шпекулации околу иднината на германецот во Ф1 тимот. Покрај сите најави за промени во италијанскиот Формула 1 тим, Фетел уверува дека засега ништо не е потврдено.

„Не планирам да се пензионирам, иако ова можам да го сторам кога и да посакам. Знам дека од Ферари може да ми дадат отказ кога и да посакаат но јас сум среќен тука и не планирам да си заминам. Следните трки ќе бидат вистински тест за нас“. – изјави Фетел.

Овој викенд во Формула 1 шампионатот ќе се вози трката за големата награда на Франција.