Формула 1 тимот на Ферари има уште еден ден за заборав откако не успеа да има барем еден свој возач на подитумот на денешната трка на „Силверстоун.“

Себастијан Фетел трката ја заврши на 12 место и уште еднаш беше на удар на навивачите, но тој реши да го впери прстот во тимот и посочи дека ако подобро реагирале во боксот ќе имале далеку подобри резултати.

„Зборувавме дека нема поента да влегуваме во боксот, особено кога има многу гужва пред нас. Но не си останавме на зборот, го направивме спротивното. Од тврди се префрливме на средно медиуми гуми, тоа немаше смисла. Не направивме добра работа со стратегијата, на крајот останав без гуми.“ – вели револтираниот Фетел.

Следната трката во Ф1 ќе се вози на 16 август во Шпанија.