Германскиот Ф1 пилот и повеќе кратен првак, Себастијан Фетел отворено проговори за проблемите со кои се соочува во Ферари и призна зошто не ги остварил очекувањата од навивачите.

„Некои работи требаше да ги направам подобро, да ги видам порано дуели кои можев да ги избегнам. Мислам дека се што се случи ме донесе таму каде што сум сега. Ако сум груб и фер признавам дека не успеав. Имаше причини за тоа? Да секако дека имаше но не јас не сакам изговори. Не жалам за последните неколку години, Ферари е посебен тим и каде и да одам тоа ќе биде различно опкружување. Со нетрпение го очекувам тоа.“ – изјави Фетел.

Германецот во следната сезона ќе вози за Астон Мартин на местото на Серхио Перез.