Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) имаше најбрзо време на првиот слободен тренинг, а на Канаѓанецот Ланс Строл тоа му успеа на вториот денешен тренинг на патеката во Силверстон за Големата награда на Велика Британија кој ќе се вози в недела.

Времето на Строл на вториот тренинг (1:27.274) беше најбрз круг на првиот ден на зовриениот асфалт во Силверстон каде тепмературата на воздухот достигна до 35 степени Целзиусови, а подлогата се загреваше и до 50 степени поради што гумите на болидите се трошеа побрзо отколку што тоа е вообичаано, особено кога се во прашање трките на британско тло.

На првиот тренинг,  Верстапен имаше време од (1:27.422), оставајќи го зад себе Луис Хамилтон за речиси половина секунда(+0.474),,додека трето време имаше Строл(+0.582).

На вториот тренинг разликите меѓу возачите беа помали, па второпласираниот Александер Албон (Ред Бул) имаше заостануваше од само 90 стотинки пред во еден свиок блиску до целта да ја загуби контролата врз болидот и да излета во заштитната ограда.

https://www.facebook.com/watch/?v=330930804744901

Возачите в сабота ќе се борат за старните позиции за неделната трка, а квалификацискиот тренинг е закажан за во 15 часот.