Британецот Луис Хамилтон стигна до шестата титула во кариерата во Формула 1, тој денеска заврши како втор на трката за ГН на САД зад клупскиот колега Валтери Ботас, тоа беше доволно за потврдување на шампионската круна.

За Хамилтон ова е  петта титула со тим од Германија, Британецот е на чекор од рекордот на Михаел Шумахер, сега има само една титула помалку од најтрофејниот во историјата на Формула 1.

До крајот на сезоната остануваат уште две трки,  Бразил на 17 ноември и Абу Даби на први декември.