Првиот човек на Формула 1, Чејс Кери истакна дека доколку некој возач биде позитивен на КОВИД-19, ќе биде заменет од друг „пилот“. Тој нагласи дека откажување на трките поради позитивни случаеви на Коронавирус нема да има.

„ Ако некој има Коронавирус тоа нема да доведе до откажување на трките. Ќе ги охрабриме тимовите, односно тој возач би бил во карантин, а на негово место ќе влета друг возач. Имаме процедура по која без проблем ќе се одржуаат трките“- изјави Кери.

Сезоната во Ф1 ќе започне на 5.јули со трката за Големата награда на Австрија, а покрај неа се закажани уште седум трки, воглавно низ Европа.