Организаторите на Големата награда на Турција во Формула 1 соопштија дека за само шест часа се продадени неверојатни 40.000 билети.

Билетите се поделени во три категории, а цената се движи од само седум евра за најевтините до 300 евра за најдобрите позиции.

Капацитетот на „Истанбул парк“ е над 200.000 седишта, а претседателот на промоторот Интерсити, Вурал Ак, објави дека поради протоколите поврзани со пандемијата на коронавирус трката за ГН на Турција ќе ја следат 100.000 луѓе во живо.