Организаторите на трката за ГН на Бахреин објавија дека на 22 март нема да има публика поради ситуацијата со Коронавирусот.

Оваа трка во Формула 1 е потврдена на календарот но ќе се одржи без публика.

„Знаеме дека ќе разочараме многу навивачи, но ситуацијата е таква, не можеме да гарантираме безбедност“ – информираа организаторите.

ГН на Бахреин е втора трка во календарот на Формула 1, првата е во Австралија на 15 март и ќе се одржи со „отворени врати“ за навивачите.