Помладиот од браќата Маркез, Алекс (актуелниот светски првак во Мото ГП 2) е решението на Репсол Хонда по одлуката на Хорхе Лоренцо да се пензионира од активното возење во Мото ГП шампионатот.

Од Репсол Хонда денеска и официјално потврдија дека Алекс Маркез ќе вози заедно со актуелниот шампион Марк со што ќе биде испишана нова историја во ова натпреварување.

„Со задоволство објавување дека двократниот светски шампион Алекс Маркез ќе му се приклучи на нашиот тим на една година. Тој ќе му биде партнер на осумкарниот првак, Марк Маркез.“ – стои во соопштението на Репсол Хонда.