Тимот на Дукати и официјално го претстави новиот возач за нарендата сезоната, а станува збор за Џек Милер. Австралиецот во Мото ГП дебитираше во 2015.година, а од 2018 возеше на моторот на Дукати, но за тимот на Прамак.

Тој потпиша договор на една сезона со опција да ја продолжи соработката до 2022 година.

„ Прво сакам да се заблагодарам на Прамак тимот, кој ми даде голема поддршка во последните две и пол години. Голема е честа да се вози за тим како Дукати и благодарам што ми ја дадовте оваа шанса. Со нетрпение го очекува почетокот на оваа сезона“-изјави Милер.

Претхнодната сезона Милер ја заврши како осми во генералниот пласман, а пет пати се искачи на подиумот. Единствената победа во кариерата ја оствари во Холандија 2016.година.