Директорот на Ферари, Матиа Биното, ја коментираше постапката на својот пилот Шарл Леклер, кој во паузата меѓу сезоните скокнал со падобран, без да го информира Ферари, кој за ова дозна од инстаграмот на возачот.

Понекогаш нашите возачи не тераат да се секираме. Шарл скокна со падобран без да ни каже за тоа. Ако ме прашувате дали сме му простиле ќе ви кажам – не, не сме. Но, тој вети дека ова нема да се повтори. Се надевам дека ја разбра пораката“, рече Биното за Planet F1.

Во 2019 година 22-годишниот Леклер победи на две трки, собра 264 бода и го освои четвртото место на крајот од сезоната. Неговиот партнер од екипата, 32-годишниот Себастјан Фетел, победи на една трка и го освои петтото место, со 240 бода.


 

View this post on Instagram

 

1st skydive today. What an amazing experience, jumping alone is next on the list 😬

A post shared by CHARLES LECLERC (@charles_leclerc) on