Луис Хамилтон дојде до деветата овосезонска победа, 82 во кариерата во Формула 1 шампионатот и ја потврди доминацијата на Мерцедес денеска на патеката во Сочи за големата награда на Русија.

На подиумот, покрај Хамилтон се искачи и негобиот клупски колега Валтери Ботас, трет беше новиот херој на Ферари, Леклер кој четврта трка по ред е меѓу најдобрите тројца.

Себастијан Фетел од Ферари не ја заврши трката а разочарувачки ден имаше и Раиконен освојувајќи го 13 место.

За тимот на Мерцедес ова беше прва еден-два победа по онаа во Силверстон.

Во генералниот поредек Хамилтон сега има 320 бодови, 37 повеќе од Ботас, 107 од третопласираниот Леклер.

Следната трка во Ф1 шампинатот ќе се вози за две седмици за ГН на Јапонија.