Луис Хамилтон и оваа сезона покажа апсолутна доминација во Ф1 циркузот. Британецот вчера славеше на последната трка во Абу Даби и на најдобар можен начин ја затвори сезоната во која стигна до шестата титула во својата кариера. За Британецот ова беше 250. трка, а дури 50. пат  стигна до триумф откако тргна од првата позиција.

Хамилтон водеше од првиот до последниот круг по 19. пат и така го израмни рекордот на легендарниот Ајртон Сена, кој воедно е еден од неговите идоли.

Хамилтон со вчерашната победа во моментот е на 84 триумфи во Формула 1 и му недостасуваат уште 7.триумфи за да го израмни рекордот на Михаел Шумахер кој има 91 победа.