Сомнежите и неизвесноста дали Хонда ќе остане во Формула 1 веќе ги нема, откако јапонскиот производител на мотори потврди дека останува во најбрзиот авто-мото спорт.

Хелмут Марко, претседателот на Ред Бул претходно изјави дека јапонскиот производител на мотори ќе донесе конечна одлука пред трката во Абу Даби, а токму тоа се случи. Денеска официјално беше објавена и потврдена информацијата дека Хонда ќе продолжи да ги снабдува тимовите на Ред Бул и Торо Росо со мотори и во 2021. година.

Според Марко ова е големо олеснување за нив и е пресреќен што соработката меѓу нив и Јапонците ќе продолжи.